Германија ги ублажи правилата за стекнување државјанство, ги укина ограничувањата за двојно државјанство

t

Германскиот парламент денеска усвои закон за олеснување на правилата за државјанство и укинување на ограничувањата за двојното државјанство, што според владата ќе ја поттикне интеграцијата на имигрантите и ќе помогне да се привлечат квалификувани работници.

За усвојување на законот предложен од владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц гласаа 382 пратеници, против беа 234, а воздржани 23.

Водечкиот опозициски блок, кој го сочинуваат конзервативните демохристијански партии, остро го критикуваше усвојувањето на законот со кој се овозможува право да се добие државјанство по пет години поминати во Германија, наместо претходните осум, односно по три години наместо шест. во случај на „посебни интеграциски достигнувања“.

Според законот, децата родени во Германија автоматски стануваат државјани доколку едниот родител бил законски жител во таа земја најмалку пет години, за разлика од претходните осум години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исланд гласа за враќање на преговорите со…

Исланд ќе гласа за тоа дали да…

Малолетник нападнат во Куманово

Четириест и тригодишна кумановка вчера пријавила дека…

Само четири дена се почитувал договорот за…

Само четири дена се почитувале договорените откупни…

Драма на аеродромот во Диселдорф: Најотровна скорпија…

Патничка на возраст од 52 години била…

Започна судењето во врска со сомнежите за…

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба…