(Фото) Арсовска на терен доцна во ноќта: Снегот не го изненади Град Скопје
Поради најавата за врнежи од снег доцна во ноќта градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со тим од Градот одржа координативен состанок заедно со зимската служба и скопските јавни претпријатија.

– По најавите за врнежи од снег и ниски температури во наредните денови, вечерва одржавме координативен состанок на терен со зимската служба на Градот Скопје и скопските јавни претпријатија. Градот Скопје е подготвен за одржување и чистење на снежните наноси од коловозите на булеварите на подрачјето на Скопје во зимски услови.


Градот Скопје им препорачува на возачите внимателно движење во сообраќајот и придржување согласно условите на коловозите. Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до граѓаните, да ги почитуваат законските обврски за расчистување на снегот и мразот од пристапите до деловните односно станбените објекти.


Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и собирните градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување. – напиша Арсовска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…