Бугарски економист до министерот за одбрана: Подобро слушајте ги оние што ги победија Наполеон и Хитлер

t

Наместо да се занимаваме со цензура, подобро е да ги слушаме оние што ги победија Наполеон и Хитлер, изјави бугарскиот економист Кузман Илиев, коментирајќи го повикот на министерот за одбрана Тодор Тагаев да ги провери медиумите и социјалните мрежи за објавување „руски дезинформации“.


„Она што тие го нарекуваат дезинформација не е ништо друго туку друга гледна точка. И тоа сакаат да го завршат на најрепресивен начин, односно цензура. Освен тоа, покажува дека не знаат. Чисто хипотетички: ако прифатиме дека ние и Русите треба да се мразиме, дека сакаме да се убиеме, тогаш тоа би било крај на светот. Мислам на НАТО и Русија“, рече Илиев во емисијата „Поглед“.

Тој посочи дека можеби треба да се размислува поинаку и да се открие што мисли непријателот. Илиев смета дека не треба да се работи со затворени очи против луѓето кои ги победиле Наполеон, Хитлер и кои добро се снашле и во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…