Левица предлага законски измени за ограничување на кириите

t

Со дополнување на Законот за домување, пратениците од Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов предложија решавање на едно од најважните општествени прашања за социјалната држава – регулацијата на закупот на простор за домување, т.е. на КИРИИТЕ за становите. Секоја современа држава е должна да обезбеди добар квалитет на живот за своето население и да има добри стандарди за домување.

Со овие измени ќе се предвиди висината на закупнината на годишно ниво, да не може да биде повисока од ТРИ ОТСТО (3%) од вредноста на становите утврдена согласно со Методологијата за утврдување на вредноста. Во овој момент горна граница не постои, туку со владина уредба се утврдува само најниската закупнина (од 2% од вредноста на становите). 

Со предложените законски решенија ќе се утврдат реални цени за закупнината преку кои за сопствениците на станови ќе се обезбеди правичен стандард и законски механизам за определување на цената за изнајмување, а за закупците сигурност и заштита од плаќање на прекумерни кирии за изнајмување, несоодветни за вистинската (реална) вредност на просторот. Вака ќе се подобри квалитетот, транспарентноста и вредноста на реалниот простор за домување на државно ниво и ќе се заштити правото на граѓаните за домување.

Ова е првиот чекор во насока на целосно решавање на СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ низ систематски пристап, со што ќе се стимулира создавање нови семејства и економски клетки и ќе се успори иселувањето на младите. 

Предизвиците на новото време можат да бидат решени само низ егалитарен и левичарски пристап, кој ќе ја ослободи политиката и општеството од ненаситноста на желбата за профит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…