Без луксуз и гламур, овде му е најубаво – Спасен покажа каде е најсреќен!

t

Македонскиот пејач Спасен Силјаноски е еден од ретките кои секогаш со гордост и искрено зборува за своето потекло.
Пејачот потекнува од кичевското село Пополжани, каде и понатаму има свој дом и секогаш со задоволство се враќа.

Тој не крие ниту дека има и охридски корени.

„Да кажам јас сум половина охриѓанец по мајка. По потекло сум од Дебарца по мајка, поточно од село Турије , славна Дебарца. Така да не сум туѓинец, пак си сум дома“, изјави Спасен во една прилика.

Со неговата песна „Ќе ти дојдам“ постигна огромен успех и надвор од нашата држава.

Еден е и од ретките кои пеат само македонски песни на своите настапи.

Тој ја негува традиционалната македонска музика и таа најмногу му лежи.

Иако со своето семејство живее во Скопје, повеќе и поради работните обврски, сепак секогаш кога има слободно време се враќа во Пополжани.

Многупати има изјавено дека ужива кога е во село и опкружен со своите соселани.

Тој на своите социјални мрежи сподели фотографија како ужива во снежните лудории заедно со децата со селото.

„Кога ви кажувам дека на село е најубаво“, напиша тој во опис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…