Одземени децата на мајката од Струмица

t

Министерството за труд и социјална политика доделило старател по службена должност за трите малолетни деца од семејството на четиригодишното девојче кое петти ден е сместено на клиниките Мајка Тереза, објави Телма.

Тим од Центарот за социјални работи излегол на терен при што утврдиле дека децата привремено се згрижени кај дедото, а отпочната е процедура за сместување во згрижувачко семејство.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека семејството не е евидентирано во систем, бидејќи привремено престојувале во Струмица и немале лични документи, па не остваруваат ниту права од социјална и детска заштита. Според информациите од МТСП, во текот на наредните работни денови случајот ќе продолжи да се следи и ќе се преземат законските мерки за заштита на децата.

Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба по физички напад, во средата било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Во 02.30 часот вчера во СВР Струмица било пријавено дека во струмичката Општа болница во 00.58 часот, во тешка здравствена состојба, било донесено четиригодишно дете. Тоа било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде од лекар, констатирано било дека детето било физички нападнато, појаснија од МВР.

За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…

Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…

Овој дел од лубеницата е корисен за…

Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…

(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…

Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…

Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…

iPhone 17 Air ќе има батерија од…

Веќе подолго време се знае дека iPhone…