Арсовска: Вразумете се и гласајте за субвенции за ЈСП, не ги оставајте луѓето без плата!

t

Амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за исплаќање на само 30% од субвенциите кои се предивдени за помош на ЈСП не се прифаќа, нагласи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на втората вонредна седница на советот за денеска.

Арсовска нагласи дека тоа би значело дека вработените ќе останат без плата од март до мај, односно до формирање на Владата на Република Македонија, затоа што за време на предизборна кампања не можат да се носат одлуки.

– Мило ми е што се вразумивте и што се вративте дома за да си ја корегирате бељата која ја направивте. Сега се обидувате да заташкате една беља со друга беља.

Прво поднесвате амандман со кој знаете дека ќе им ги скратите платите на овие луѓе за два месеци во време на избори кога нема да може да се гласаат избори и да креирате лажна криза во градот. Второ велите за подобра контрола на работењето на ЈСП е измената, со што ќе го контролирате кога имате управни и надзорни одбори? Вие сте должни да ги гласате извештаите, ниту сте ревизија ниту истражен орган и не ја разбирам потребата да си играте со интелигенцијата на луѓето.

Наместо да се извините нови циркузи правите тука, скопјани се смрзнуваат надвор, другата половина не може да стигне таму кадешто тргнала, амандманот не се прифаќа, нагласи Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…