Објавено на:

Британија разочарана од противењето на Нетанјаху на идејата за идна суверена палестинска држава

t

Противењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на идејата за идна суверена палестинска држава е „разочарувачко“, вели портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, потврдувајќи ја британската поддршка за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.

Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден не постигнаа договор за идното создавање на независна палестинска држава.

Прашан за забелешките на Нетанјаху, портпаролот на Сунак им рече на новинарите: „Разочарувачки е да се слушне тоа од премиерот на Израел“.

„Позицијата на Обединетото Кралство останува таква (дека) решението со две држави, со одржлива и суверена палестинска држава која ќе живее заедно со еден безопасен и безбеден Израел, е најдобриот пат кон траен мир“, рече портпаролот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…