Објавено на:

Во Колумбија запленети 800 килограми кокаин

t

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800 килограми кокаин. Подморницата долга 15 метри, позната како „нарко-подморница“, е првата откриена годинава и пресретната е во територијалните води на Колумбија, јави Би-Би-Си.

Морнарицата ја проценува вредноста на заплената на околу 27 милиони долари, додавајќи дека се верува дека подморницата пловела кон Америка или Европа. Уапсени се три лица кои биле во подморницата. Морнарицата додаде дека го пресретнала пловилото што се движело низ Пацификот во неделата.

Пронајдени се пакувања со кокаин хидрохлорид, со печат на скорпија или со име „Вини“ или „Карнал“. Дрогата и шверцерите се пренесени во Буенавентура, пристанишен град во Колумбија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Французин уапсен со кокаин вреден 13 милиони…

Холандските власти уапсија 30-годишен Французин во петокот…

Во Колумбија уапсена смртоносната „кукла“, 23-годишна девојка…

Колумбиската полиција ја уапси 23-годишната Карен Јулија…

Запленети рекордни 225 тони кокаин во Колумбија

 Полицијата во Колумбија во соработка со 62…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…

Во Колумбија запленети 800 килограми кокаин

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800…