Сијарто: Унгарија нема да учествува во финансирањето на испораките на оружје за Украина
Унгарија нема да учествува во финансирањето на испораките на оружје за Украина од Европскиот фонд за мир, но не може и не сака да се меша во работите на други земји, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
– Унгарија досега не праќала оружје и нема да го прави тоа ниту во иднина. Не сме подготвени да учествуваме во каква било одлука или процес што би довел до зголемување на испораките на оружје за Украина, изјави Сијарто на унгарските новинари по состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ, пренесува телевизијата М1.
Според него, Унгарија ќе мора да плаќа 23 милијарди форинти (60 милиони евра) годишно во генералниот фонд за другите земји да испраќаат оружје во Украина.
– Се разбира, ние не го поддржуваме овој предлог … Во исто време, се разбира, не можеме и не сакаме да ги спречиме другите да испраќаат оружје … Тоа ќе биде одлука на секој поединечно, секоја влада мора да биде одговорна пред своите гласачи, Унгарија нема да учествува во испораката на оружје, нагласи Сијарто.
Претходно, Вол Стри Џурнал, повикувајќи се на нацрт на документот, јави дека Европската служба за надворешни работи предложила создавање на нов фонд за финансиска помош за Украина за да се заобиколи унгарското вето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…