Арсовска решава 30-годишен проблем во Чучер Сандево: Жителите добиваат нова водоводна мрежа
Градоначалничката на Град Скопје изврши увод во отпочнувањето на проектот за водоводна мрежа во Чучер Сандево.
– Со екипи од скопските јавни претпријатија и градоначалникот на општина Чучер Сандево, извршивме увид во отпочнувањето на проектот за водоводна мрежа на потег од 1 километар на улицата Бел Камен во Чучер Сандево.
Со реализацијата на овој проект решаваме горлив проблем на жителите на општина Чучер Сандево, чии потреби повеќе од 30 години беа заборавени, а барањата игнорирани. Поради старата и дотраена водоводна мрежа во овој дел жителите се соочуваат со чести дефекти, а со поставувањето на оваа нова мрежа се врши и преповрзување на постојните објекти, односно на 110 приклучоци, со што се обезбедува поквалитетен живот на нашите сограѓани.
Градежните активности на терен ќе опфатат реконструкции на 10 крака на улицата Бел Камен кои припаѓаат на територијата на општина Чучер Сандево и со оваа инвестиција ќе се обезбеди напуштање на досегашната водоводна мрежа која е несоодветна и со незадоволителен профил. Овој проект се имплементира на 10 улици во Чучер Сандево, што како краци гравитираат кон главната улица Бел Камен, каде се врзуваат на водоводна мрежа со профил Ø200мм.
Воедно најавуваме дека проектната документација и постапките за изведба на канализација во Кучевишка бара се завршени, со што отпочнува во следните недели и реализација на овој децениски очекуван проект. Континуирано работиме на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на овие предизвици е еден од приоритетите. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…