Голема полициска акција во Љубљана, претресена и куќата на градоначалникот

t

Полициската управа на Љубљана потоа објави дека спроведуваат обемни активности „во рамки на истрагата за кривични дела економски криминал и корупција“ во поширокото подрачје на Љубљана, Целје, Крање и Нова Горица, објави 24 Ур.

„Полициската управа Љубљана спроведува обемни оперативни активности по наредба на надлежниот суд во контекст на истрагата за кривични дела економски криминал и корупција“, соопштија оттаму.

Истрагата ја води специјализираното државно обвинителство. Полицијата не може да даде повеќе информации во интерес на истрагата, додаваат оттаму.

Утрово полициско возило било паркирано пред зградата на општина Љубљана. Според информациите на порталот истрага треба да се спроведе во просториите на Вока Снага и Енергетика Љубљана и во седиштето на фудбалскиот клуб НК Олимпија.

Според нивните сознанија, криминалистичката полиција истражува различни сомнителни неправилности, како што е неовластено стекнување спонзорски средства. Засега не се знае кои се осомничените и што точно се истражува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Неготино апелира жителите на неколку…

Градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов упати…

СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана

Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…

Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…

Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…

Голема полициска акција во Љубљана, претресена и…

Полициската управа на Љубљана потоа објави дека…

Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…