Објавено на:

Борел: Не може да се дозволи на Израел да го блокира создавањето на палестинска држава

t

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска во Брисел дека не може да се дозволи на Израел еднострано да го блокира создавањето на палестинска држава по војната во Појасот Газа.

„Едно е јасно – Израел не може да има право на вето на самоопределувањето на палестинскиот народ“, рече Борел на прес-конференција со неговиот египетски колега Самех Шукри.

Борел истакна дека Обединетите нации многупати го признаваат и го признале правото на самоопределување на палестинскиот народ и дека затоа никој не може да стави вето, пишува „Тајмс оф Израел“.

Коментарите доаѓаат откако Борел претседаваше со разговорите меѓу министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и највисоките дипломати на Израел, палестинската управа и клучните арапски држави.

Борел претстави патна карта која вклучува меѓународна конференција за решение со две држави за израелско-палестинското прашање.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека постои „меѓународен консензус за неопходноста од решавање на конфликтот врз основа на решение со две држави“.

„Време е да се спроведе и меѓународната заедница има средства, има ресурси, има механизми да го направи тоа“, рече Шукри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…