Пронајдени се соработниците во институциите на кланот од Грчец: Спасовски најавува дека јавноста ќе се шокира од имињата!

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција, непосредно пред формирањето на новата техничка влада, објави дека за 16 лица ќе бидат изготвени кривични пријави, а во моментот 7 од нив се уапсени, од кои 6 во државата и едно во Шпанија.

На поставено директно прашање на ,,Инфомакс” , Министерот за внатрешни работи рече дека се пронајдени соработниците во институциите на кланот од Грчец. Спасовски најавува дека јавноста ќе се шокира од имињата кои ќе бидат објавени дополнително. Засега е познато дека е уапсен Шеваљ Муареми.

„Пријавениот Ш.М. заедно со уште две лица О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече министерот Спасовски.

Како што објави, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје во 2020 година, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.

„Лицата организатори извршиле повеќе кривични дела, а се работи за неовластено производство дроги, убиства и обиди за убиства“, рече Спасовски.

Истовремено, набавиле 435 килограмим кокаин од Бразил, од кој преку Белгија дел требал да пристигне во Македонија, како и 106 килограми кокаин со траекторија Перу – Холандија – Македонија.

Набавувале дрога и од Колумбија, а ја пренесувале преку ЕУ, но и преку Албанија до Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата…

Научниците мислат дека конечно ја решиле вековната…

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал…

На денешен ден, 20 мај, во 1876…

Денеска е светски ден на пчелите, инсекти…

Иако вестите за заканата за светската популација…

Велешанец погоден од куршум додека собирал печурки

Маж од Велес собирал печурки и почувствувал…

Петок 24. мај неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти…