Со овие 4 совети ќе спиете мирно и без земање таблети

t

Квалитетниот сон е важен за нашето целокупно здравје. Меѓутоа, поради социјалните мрежи, животните навики и стресот, често нѝ е предизвик да заспиеме мирно.

Затоа е важно да се фокусирате на создавање некои едноставни навики за да го решите овој проблем. Овие 4 совети можат да нѝ помогнат да постигнеме добар сон без зависност од таблети.

1. Распоред на спиење
Една тајна за квалитетен сон лежи во редовната рутина за спиење. Секој ден треба да се будите и да легнувате во исто време, или барем да се обидете да го остварите тоа. Ова го регулира нашиот телесен часовник и овозможува подобар сон, пишува „TheHealthSite“.

2. Пријатна рутина
Смирувачката рутина пред спиење му испраќа порака на телото дека е време за одмор. Можете да се опуштите со добра книга, да уживате во купка или да испробате некои техники на дишење. Пред да се подготвите за спиење, престанете со сите активности кои ве преокупираат како гледање телевизија или користење на мобилниот телефон.

3. Смирувачка атмосфера
Сината светлина што ја емитуваат уредите може да влијае на циклусот на спиење. Мобилните телефони, таблетите и слично оставете ги минимум еден час пред спиење. Ако не можете да се откажете од своите уреди, препорачливо е да користите ноќен режим на работа.

4. Ублажување на стресот и анксиозноста
Грижата може да биде голем непријател на мирниот сон. Постојат различни техники за релаксација, но доколку е потребно можете да побарате и стручна помош. Во секој случај, важно е да се има рутина која ќе се фокусира на ублажување на анксиозноста и подобрување на вашиот сон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси низ Скопје и Тетово, приведени се…

Вкупно 19 луѓе биле приведени во текот…

Момче од Србија е уапсено во Солун…

Србин на возраст од 23 години кој…

Мицкоски: Не сум задоволен од пораките на…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја оцени вчерашната…

Пијан работник од депо украл трамвај во…

Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот…