(Видео) Георгиевски за Ванчо Михајлов: Главната парадигма е „Швајцарија на Балканите“, тие што се бунеа ја направија Македонија де факто федерација

t

– За мене Ванчо Михајлов не е контраверзна личност, иако за Македонија гледам дека е. Но некој ако прави клуб треба да оцени дали во соседната држава тоа поминува или не поминува. За Михајлов има простор да се зборува поотворено, да се дискутира, но во Македонија е фрлена анатема на него. За Цар Борис тоа беше непотребно нешто, тој има сосема друг наратив во контекст на Македонија во однос на Михајлов, Цар Борис го поддржува државниот удар во Бугарија, таа влада со Цар Борис прави договор со Југославија, а во тој период за него се донесува смртна пресуда. Тие двајца не одат заедно, вели во денешната епизода на „Тешки муабети“ поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

– Ние не дискутираме во Македонија за некои табуа што сметаме дека се табуа. Тодор Александров и Ванчо Михајлов се симболи на независна и обединета Македонија во времето меѓу двете светски војни, вели Георгиевски.

Според него таа заедничка или општа историја има и лоши страни бидејќи не може тоа да биде пведска маса па бугарската страна да си земе што сака.

– Минатата недела во Бугарија се одржа панахида за загинатите членови на ВМРО после 45′ година.

Имаме една фигура Лев Главинчев кој се фали во изјави дека „јас со свои раце имам убиено најмалку 200 ванчовисти, македонски фашисти“. Е сега некој од Македонија треба да ја врати топката и да видиме што направивте во Бугарија со „ванчовистите“. Зошто не се спротивставиме со таа аргументација? Јас не сакам ниедна страна да манипулира, вели Георгиевски.

Главната парадигма е на Михајлов е „Швајцарија на Балканите“, ние не ја направивме, затоа после некој друг ја направи Швајцарија на Балканите. Не зборувам само за албанското туку за сите малцинства. Јас сум кажал дека Македонија на хартија е унитарна, но во пракса функционираме како федерација, додава Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

СИГУРНАТА ИДНИНА НА АЛБАНЦИТЕ Е НАЈВАЖНА: ВЛЕН…

Новата организација на Владата ќе овозможи поголем…