Констатирани оставките на Ковачевски и Џафери
Денеска Собранието на 139. седница ги констатира оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Инаку, и двајцата оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари.
Политичките партии ќе го известат претседателот на државата Стево Пендаровски дека во Парламентот имаат мнозинство, по што тој во попладневните часови ќе му го предаде мандатот за формирање на техничка влада на Џафери. Техничкиот мандатар во сабота ќе достави програма и состав на Влада до Собранието.
Составот на техничката Влада е веќе познат откако политичките партии ги објавија предлозите за министри и за дополнителни заменици министри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…