Апсење на повеќе лица за поседување на дрога
Вчера и денес во Охрид се уапсени две лица поради поседувања на дрога. Првиот настан е од вчера каде во 11.40 часот во близина на спортски објект во Охрид, каде полициски службеници од СВР Охрид го привеле Ж.Д.(55) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вториот настан е од денес каде во 02.00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.Ц.(28) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така вчера во 23.30 часот на подрачје на Гази Баба – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Б.П.(20) од Неготино затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Против сите овие лица веднаш откако ќе бидат документирани сите настани ќе бидат поднесени соодвентни кривични пријави велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата –…
Градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на…
За автопатите, годинава се обезбедени 243 милиони…
Државниот буџет ќе има улога во финансирањето…
Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…
Велешанецот кој е пријавен за измами со…
Калас: Америка ја принудува Украина да се…
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…