Спасовски: Заедно со тимот придонесовме за безбедноста на граѓаните и државата
Министерот за внатрешни работи во оставка Оливер Спасовски вечерва во Клубот на пратеници се сретна со соработниците и поширокото раководство на МВР.
Министерот вели дека заедно со неговиот тим постигнале значаен напредок во областа на безбедноста на граѓаните и државата.
„Нашата работа беше предизвик, но исто така и можност да ја покажеме нашата посветеност, професионализам и љубов кон нашата татковина. Со заеднички напори, се справувавме со предизвиците и работевме на создавање на посигурно и стабилно општество за сите граѓани. Секој еден од вас ја има мојата лична благодарност за вашата поддршка, труд и посветеност. Вашите идеи, вашиот ентузијазам и вашата способност да се справите со тешки ситуации беа круцијални за нашите успеси. Нашата работа беше доказ за тоа дека кога поединци со различни вештини и искуства се обединуваат со заедничка цел, може да се остварат големи работи, истакна Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…