Меѓународниот суд на правдата не му нареди на Израел да ја прекине војната
Меѓународниот суд на правдата (МСП) нѐ му наредил на Израел да ја прекине војната како што побара Јужна Африка, стои во одлуката што ја донесоа 17 судии од овој суд.
Израел испрати силен правен тим во Хаг кој тврдеше дека има право да се брани по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година. Меѓународниот суд на правдата издаде итни мерки со кои му наредува на Израел да ги преземе се што е во негова моќ за да спречи дејствија што би можеле да бидат во спротивност со Конвенцијата за геноцид.
Сепак, судот не му наредил на Израел да ја прекине војната како што побара Јужна Африка. Голем број земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Катар, Јордан, Иран, Саудиска Арабија и Египет рекоа дека ја одобруваат пресудата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…