Студентски отпор: Образованието не смее да има цена!

t

Според најновите информации кои стигнаа до Студентски Отпор, надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии, велат од студентската организација.

Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите.

Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите Факултетски Студентски Собранија.

Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.

Апелирам ИТНО да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот.

Повлекување ОДМА – или ПРОТЕСТ!

Со почит,

Студентски отпор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…

Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Ако јадете помалку бифтеци можеби ќе имате:…

Реално немаме пари за учебници по сите…