ЕХФ ги ослободи од одговорност Начевски и Николов: Одбиена жалбата на Швеѓаните!

t

Дисциплинската комисија на ЕХФ ја објави одлуката во врска со жалбата на Ракометната федерација на Шведска по синоќешниот полуфинален натпревар на Европското првенство.

Жалбата се однесуваше на некористењето на видео-снимка (ВР) при одлуката за голот на Пранди на истекот од основниот дел од мечот со кој беше израмнет резултатот и натпреварот одведен во продолженија. Во нив Франција беше подобра и обезбеди пласман во финалето што се игра утре.

„По внимателно разгледување на ситуацијата, комисијата заклучи дека судиите и делегатот немаат обврска да ја прегледуваат видео-снимката. Таа се користи само кога судиите имаат голем сомнеж во врска со одлуката или се во неможност добро да го видат спорниот момент. Само судиите и делегатот одлучуваат дали ќе се користи ВAР. Поради сето ова, жалбата се одбива“, стои во соопштението на ЕХФ.

Судии на синоќешниот натпревар беа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои со ова се ослободени од одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силен земјотрес го погоди брегот на…

Најмалку 20 лица загинаа, а шест се…

Денес се празнува Откривање и пренос на…

Кога злите Евреи го убија со камења…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне…

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан без струја,…

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се…

Телото кое беше пронајдено во близина на…

Телото пронајдено за време на пожарот во…