Арсовска за Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот: Да ја градиме Македонија со сопствен пример за новите генерации, со солидарност, соживот и почитување на човековите права

t

Генералното собрание на Обединетите Нации во 2005 година со резолуција го прогласи 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот, со што оддаваме почит и го одржуваме споменот на жртвите со цел ваквите грозоморни настани од историјата никогаш да не се повторат.

Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.200 македонски Евреи, најголемиот број од Скопје, Битола и Штип, испратени во концентрацискиот логор Треблинка, а овој ден сведочи за страшните злосторства и е потсетник дека нетрпеливоста и непочитувањето на различностите може да има трајни последици. На средба со амбасадорката на Израел Симона Франкел, разговаравме за состојбите во изминатите неколку години и жариштата низ светот каде конфликтите сè уште уништуваат животи.

Да ја градиме Македонија со сопствен пример за новите генерации, со солидарност, соживот, почитување на човековите права и различностите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…