Утре во 10 Ковачевски ќе му ја отстапи фотелјата на Џафери

t

Ве известуваме дека на 29 јануари 2024 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Владата на Република Македонија предвидено е примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Македонија.

По пристигањето на платото на Владата на Република Македонија, планирано е премиерите Ковачевски и Џафери да одржат кратка средба. По средбата во 10:30 часот тие ќе дадат изјава за медиумите за што се предвидени новинарски прашања во формат 2+2.

Фоторепортерите и снимателите ќе имаат можност за инсерти и од пристигањето на премиерите на платото пред Владата како и од средбата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Македонија.

За таа цел фоторепортерите и снимателите треба да се најдоцна до 08:30 во медија центарот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…