Столтенберг бара да се обезбеди дополнителна финансиска поддршка за Украина

t

Сојузниците од НАТО и ЕУ мора да обезбедат дополнителна финансиска поддршка за Украина, повика денеска генералниот секретар на пактот, Јенс Столтенберг.

„Доколку рускиот претседател Владимир Путин победи во Украина, постои реална опасност тој повторно да прибегне кон употреба на сила“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во седиштето на Алијансата во Брисел.

„Приемот на Шведска во НАТО дополнително ќе ја зајакне Алијансата, ја поздравувам одлуката на турскиот Парламент да го ратификува пристапот на земјата кон пактот. Му благодарам на претседателот Реџеп Ердоган што брзо ја потпиша одлуката“, додаде Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…

Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…