Интер со петтиот триумф по ред се врати на врвот од Серија А
Фудбалерите на Интер одново се лидери на табелата во Серија А, откако со победата на гостувањето кај Фиорентина (1-0) го прескокнаа Јувентус и покрај тоа што имаат еден меч помалку во однос на најголемиот конкурент за титулата.
„Нераѕурите“ добро го почнаа натпреварот и преку Лаутаро Мартинез поведоа уште во 14. минута. Ова се покажа како клучен момент на мечот, бидејќи до крајот мируваа мрежите на „Артемио Франки“. Домашниот тим може да жали што не дојде до бод, со оглед што промаши пенал преку Гонзалес во 76. минута.
Ова беше петта победа по ред за составот од Милано во сите натпреварувања, како потврда на одличната форма на тимот предводен од Симоне Инзаги. Интер сега има 54 бодови, еден повеќе од Јуве, кој има и натпревар повеќе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан без струја,…
Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се…
Телото кое беше пронајдено во близина на…
Телото пронајдено за време на пожарот во…
Актерот Едмонд Сотир е нов директор на…
Актерот Едмонд Сотир е нов директор на…
Голем пожар над селото Бојане, се шири…
Пожар од поголеми размери попладнево избувна над…
Бучковски за војната во 2001: Имаше тенденција…
Во 2001-та година имаше план за поделба…