Курти до Џафери: Што поблиску до Запад, што подалеку од Москва

t

„На поранешниот претседател на Собранието на Македонија, г-дин Талат Џафери, му посакувам успех на новата функција – премиер во техничката влада која три месеци подоцна ќе ја однесе нашата соседна и партнерска земја на избори“, вели косовскиот премиер Аљбин Курти во честитката до Џафери.

„Посакувам пријателството и соработката на заеднички проекти да бидат обележја на нашите две влади за време на владеењето на Џафери“, додаде Курти.

Тој нагласува дека Македонија ја гледа како земја со силна евроатланска ориентација, партнер на Приштина и на Западот и како земја што поодалечена од Москва.

„Македонија која промовира вредности на соживот и се бори против етничката дискриминација, тоа е она што го посакуваме. Заради тие стремежи и друга сорабока, сигурен сум дека ќе го продолжиме патот на меѓувладината соработка со нашиот колега, г-дин Џафери, исто како што тоа беше случај со неговиот претходник, г-дин Ковачевски, на кого му честитам за вредностите што беа одраз на неговото време“, напиша Аљбин Курти во честитката до Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Новите руски напади се дополнителна причина…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Москва нападната преку ноќ со повеќе од…

Руската престолнина Москва е нападната со повеќе…

Москва под сомнеж дека му помогнала на…

Американските разузнавачки аналитичари истражуваат дали Русија му…

Две лица загинаа, а тројца се повредени…

Две лица загинаа во експлозија на гас…

Овогодишната парада беше сосема поинаква, вели дописникот…

Годинешната Парада на Победата на Црвениот плоштад…