Трамп: НА РАБОТ СМЕ НА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, а јас да бев претседател…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера тврдеше дека „слабоста и предавањето“ на претседателот Џо Бајден се виновни за смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан, во кој загинаа тројца припадници на американската војска.
Нападот со беспилотно летало врз американска база во Јордан, во кој загинаа тројца американски војници и многу други беа повредени, означува ужасен ден за Америка. Моето најдлабоко сочувство изразувам до семејствата на храбрите војници што ги загубивме. Ги замолувам сите Американци да ми се придружат во молитвата за ранетите. Овој дрзок напад врз Соединетите држави е уште една ужасна и трагична последица на слабоста и предавањето на Џо Бајден…,напиша тој.
Тој нагласи дека пред три години Иран бил слаб и банкротиран, благодарение на него бил целосно подконтрола, но дошол Бајден и му дал пари на Техеран кои што режимот ги искористил за ширење крвопролевање низ Блискиот исток.
Трамп постојано го обвинува Бајден дека е „слаб лидер“ и тврди дека другите светски конфликти се поврзани со светската перцепција за претседателот и за САД како слаби.
Овој напад НИКОГАШ немаше да се случи ако јас бев претседател, исто како што никогаш немаше да се случи нападот на Хамас поддржан од Иран, никогаш немаше да се случи војната во Украина и сега ќе имавме светски мир. Наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна…, напиша Трамп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Први ефекти од војната меѓу Израел и…
Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…