Да се јави шпицниот на главна каса: Виничкото комунално претпријатие пред колапс
Јавните комунални претрпријатија во земјава се на работ на егзистенција. Енергетската и економската криза оставија длабоки траги во работењето. Долговите се наталожени, тешко се справуваат со финансиските загуби, а дел од нив не можат да обезбедат ниту редовна плата за вработените. Виничкото јавно комунално претпријатие „Солидарност“, минатата недела успеа да исплати плата за месец ноември од минатата година.
– Во месец март имаме најава од синдикатите дека повторно ќе има покачување на минималната плата, што значи дека и ние ќе мораме повторно да ја покачиме висината на платата. Не знам како ќе се справиме со тој проблем, бидејќи основен проблем ни е платата за нормално функционирање, а каде се другите трошоци за нафта за возилата, за електрична енергија, за резервни делови, анализа на водата за пиење. Имаме многу трошоци, а имаме сума на пари која во моментот не е доволна, изјави Игор Спасовски, директор на ЈКП „Солидарност“- Виница
Процентот на наплата на комуналните услуги во источниот регион е доста висок и во некои општини се движи над 90 %, но проблем е ниска цената која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
– Искрено се надевам дека новите цени коишто Регулаторна ни ги достави за наредните 3 години ќе поминат на Совет на општината, за малку, за одредена сума ќе ни се зголеми цената на водата и канализацијата. Не сум сигурен дека тоа ќе биде доволно, но ќе се бориме, ќе изнаоѓаме други извори на финансирање- додаде Спасовски
За да се справат со финансиските долгови, минатата година дел од комуналците воведоа вонредни мерки, намалување на администрацијата, рестрикција во набавката на резервни делови и не исплата на прекувремени работни часови. Меѓутоа, недостасуваат водоинсталатери, работници за собирање на отпад, одржување на улиците и паркови и зеленила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…