Седма жртва месецов – Млада девојка почина од грип

t

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.

Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.

Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на месец јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кој кон крајот на месец февруари и почеток на март.

Инаку 1.675 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска ќе нема струја до 14 часот,…

Делови од скопските општини Чаир, Сопиште, Аеродром,…

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…

Денес се празнува Преподобна Пелагија

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…

Метео: Услови за дожд попладне

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните…

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…