Израел е подготвен да ги укине визите за граѓаните на Косовo, вели Османи
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти дека на средбата со амбасадорката на Израел во Приштина била информирана дека Владата на таа земја изразила подготвеност да ги укине визите за граѓаните на Косово.
Во соопштението од кабинетот на претседателката на Косово, се наведува дека на средбата со амбасадорката Тамара Зив било разговарано за „соработка меѓу двете земји како и за меѓудржавни договори во различни области, чие потпишување се очекува наскоро“.
„Амбасадорката Зив ја информираше претседателката Османи дека по нејзиното барање до израелските институции, Владата на Израел изразила согласност за одобрување на договорот за укинување на визите за граѓаните на Косово“, се додава во соопштението.
Нагласено е дека во оваа насока двете надлежни министерства ќе продолжат со процедурите за потпишување на договорот, за што граѓаните ќе бидат информирани веднаш штом одлуката стапи во сила.
Со овој договор граѓаните на Косово ќе можат безвизно да патуваат во Израел за туристички цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…