На Онкологија денеска се приведени три лица, меѓу кои и ексдиректорот, вели организацискиот директор Матоши
На Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска се приведени три лица, меѓу кои и поранешниот директор Нино Васев, а од другите двајца едното е медицинско лице од Онкологија, а другото е вработено во болницата, вели организацискиот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Халид Матоши.
На прашањето дали и секретарката е денеска приведена од Клиниката, Матоши во изјава за медиумите рече дека таа не се појавила на работното место.
„Секретарката денеска не се појави на работа, можеби е земена од друго место, а и телефонот ѝ е исклучен“, рече Матоши.
И директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова потврди дека на Клиниката денеска се приведени три лица.
За тоа дали имало и други претреси, Клисарова рече дека таа не е информирана, но не ја исклучува можноста, а исто така не знае и дали се одземени доказни материјали и досиеја.
Клисарова и Матоши нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен.
Она што таа го потврди е дека Клиниката за радиотерапија и онкологија работи и функционира нормално.
„Сите закажани пациенти, тековни прегледи, предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти функционира нормално, работат сите амбуланти. Работиме со полн капацитет во Клиниката и затоа замолувам да не се создава паника, никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планирана терапија“, рече Клисарова во изјава за медиумите од пред Клиниката.
Таа нагласи дека терапија има за сите пациенти, а во однос на КАТО-системот рече дека тоа е процедура која трае и е далеку од почнување и ставање во функција.
„Меѓутоа, во координација со Министерството за здравство се работи на тој проект, а терапија има во моментов и Клиниката навистина функционира нормално и токму тоа со оваа денешна изјава сакам да го потврдам и изјавувам дека сите пациенти ќе бидат опслужени со целата потребна терапија“, додаде директорката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…