Големо количество воена опрема најде полицијата во дом во Грција
Големо количество воена опрема, откри грчката полиција во дом во градот Лерин, а уапсени се две лица кои поседувале оружје, над 72 килограми барут, над 35.000 чаури, 11 рачни бомби, како и импровизиран експлозивен механизам, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека по извршениот претрес домот на уапсените, маж и жена на возраст од 54 и 57 години, биле откриени 14 воени пушки, шест револвери, пет пиштоли, три автомати и карабин, 95 шаржери, барут со тежина од 72 килограми и 200 грама, 11 рачни бомби, пет минофрлачки гранати, 35.455 куршуми од различен калибар, импровизиран експлозивен механизам, панцир, пиротехнички материјал, како и 14 делови од разни воени пушки.
Полицијата во рамките на прелиминарната истрага го испитува и точниот начин и време на набавка на оружјето, како и можното учество на уапсените во кривични дела.
Според грчката телевизија ЕРТ за случајот бил информиран и Секторот за борба со тероризам на грчката полиција. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…