ТРАГЕДИЈА И ВО КУМАНОВО – ПОВЕЌЕ ОД 130 УЧЕНИЦИ СЕ ОТПИШАЛЕ! Второто полугодие ќе го учат во странство..

t

Во 20 основни и средни училишта во Куманово второто полугодие од учебната година не го продолжиле 131 ученик бидејќи се отпишале, покажуваат податоците на секторот за образование Куманово.

Според податоците, во четирите средни училишта во учебната 2023/24 година се запишале 3.596, а испишани се вкупно 29 ученици, додека во основните училишта бројката е поголема и од вкупно запишани 9.296, испишани се 102 ученици. Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на учебната 2023/24 година, посочуваат од секторот.

Поголем дел од информациите кои доаѓаат од училиштата се дека учениците со семејствата заминуваат кон западноевропските земји, значително помал процент се отселени во други општини.

Според податоците од последниот попис, Куманово е најголема општина во државата со вкупно население од 98.104 жители.

– Процесот на миграција не запира. Иако Куманово е најголема општина во државата според број на население со 20 училиште и е со најголем број ученици, сепак не го одминува бранот на отселување особено кон западноевропските земји, изјави претходно раководителот на секторот – Александар Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…

Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…

Канада ќе ги забрза напорите за намалување…

Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата…

Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…