Од утрешниот празник сè понатаму во годината е полесно – ни доаѓа Свети Атанасиј Велики
Утре е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари…
Во борбата со големиот пожар што беснее…
(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…