Следниот претседател на Македонија треба да биде Албанец, му рекле албанските лидери на косовскиот премиер Курти – Али Ахмети не дојде на средбата

t

Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти денеска во својот кабинет, заедно со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, ги прими шефовите на албанската политика од Македонија: Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити, Африм Гаши.

На средбата учествуваше и советникот на премиерот Беким Ќоку. Тие заедно разговарале за ситуацијата во балканскиот регион, добрососедството и перспективата на важното партнерство меѓу Косово и Македонија.

Премиерот Курти ги информирал албанските лидери од Македонија за средбите и разговорите што ги имал со шефовите на државите на Македонија и тие го информирале за политичките случувања таму.

„Тема на разговор беше социјалната и економската состојба на албанската заедница во Македонија, потребата од демократија и стабилност, како и подобрувањето и напредокот на односите меѓу етничките заедници во таа земја, нешто за што самото Косово е пример. но и го промовира и поддржува“, информираат од кабинетот на Курти.

Четворицата лидери го искажаа својот предлог за претседател на Македонија, кој ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Македонија, претседател кој овојпат треба да доаѓа од редовите на Албанците.

Четворицата лидери го искажаа својот предлог за претседател на Македонија, кој ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Македонија, претседател кој овојпат треба да доаѓа од редовите на Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…