Тензично во тетовското Муфтиство: Двајца муфтии завршија во полиција!
Група луѓе останува на улицата пред седиштето на Исламската верска заедница во Тетово, откако изутрината дошло до тензии. Како што јавува ТВ21, муфтијата избран од Исламската верска заедница Селвер Џемаили се обидел да влезе во зградата на Муфтиството, но, наишол на отпор од некои луѓе приврзаници на поранешниот муфтија Ќани Несими.
И двајцата муфтии моментално се во полиција, додека група луѓе продолжуваат да стојат пред зградата на муфтијата на Тетово, каде има и присуство на полициски сили.
Исламската верска заедница пред една недела го разреши муфтијата на Тетово, Ќани Несим, кој се противи на смената и поднесе тужба, со образложение дека е незаконски сменет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…