ВЕДРАН ИСЧЕЗНA ВО МАЛТА – Една недела ни трага ни глас од него, мајката очајна: „Само сакам да го најдам мојот син жив!
Осум дена е исчезнат 38-годишниот Ведран Батарило од Славонски Брод, кој живее и работи во Малта во француска компанија, веќе три месеци.
Семејството, поточно мајката, последен пат се слушна со него на 23 јануари и оттогаш нема добиено никаква порака.
Мобилниот телефон му бил исклучен, а Интерпол се крена на нозе, а се работи за маж со кафена коса и кафени очи, поразвиен и висок 180 сантиметри. Од деталите во полиција било пријавено дека има тетоважа на градите.
Неговата мајка е во тотален шок. Таа се јавила во хрватската амбасада во Рим, која ја покрива и Малта. Таа постојано ги проверува малтешките медиуми во потрага по некоја информација.
– Веќе вториот ден, кога повеќе не одговараше на моите пораки или повици бидејќи му беше исклучен мобилниот телефон, се јавив во полиција. А во Амбасада ми рекоа дека прават се и дека морам да бидам трпелива.
Гледајќи по интернет порталите од ден на ден, гледам дека на Малта, како и во целиот свет, се случуваат секакви работи, вклучително и убиства. Колумбијка беше убиена пред некој ден. Деновите ми поминуваат во неизвесност, страв и тага. Само да го најдам мојот син жив – низ солзи накратко раскажала за Јутарњи лист мајката на исчезнатиот.
Се уште не е познато дали Батарило во меѓувреме го напуштил островот или не.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…