Вучевиќ: Никогаш нема да го признаеме Косово
Министерот за одбрана, Милош Вучевиќ, изјави дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, дури и по цена да нема Срби на таа територија.
Вучевиќ оцени дека тоа што белградските власти дозволуваат некој да помине со документ издаден во Приштина не значи признавање на Косово како независна држава.
„Курти прави историска грешка, врши насилство врз српското малцинство, тоа е неодржливо на долг рок“, изјави Вучевиќ.
По повод вчерашната презентација на опремата на војската на Србија, Вучевиќ изјави дека на неговото министерство му дале рок до мај да излезе со целосен извештај и анализа во врска со враќањето на задолжителниот воен рок.
„Значи, до мај детаљна анализа со неколку опции, со рамки, рокови, трошоци. Мораме да ги опремиме центрите за регрутирање, здравствените домови, касарните. Сето тоа треба да се подготви“, изјави Вучевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…