Бектеши: „Медиуми под влијание на олигарси бојкотираат министерства“
Министерот за економија Крешник Бектеши обвни дека дел од националните телевизии ги бојкотираат некои од министрите во владата со намера да извршат притисок врз нив за реализирање на лични интереси.
Тој рече дека има информации дека овие медиуми се под влијание на олигарси кои во минатото остварувале некои свои цели и тоа сакаат и сега да го постигнат преку влијание и притисок врз владата.
– Според моите информации, се работи за некои медиуми кои решиле да ги бојкотираат информациите кои излегуваат од дел од министерствата. Но, ова е демократија, а кој е во право, а кој не е, ќе одлучат граѓаните. Ова е своевиден притисок до владата за да постигнат некои лични финансиски интереси, но и за некои интереси кои нив ги обединуваат. Нивната цел е да влијаат врз владините одлуки. Оваа Влада, а и Министерството за економија, нема да потпаднат под овој притисок со цел да се влијае врз некои институции, за да остварат некои свои интереси – рече Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…