Членките на ЕУ планираат да ѝ исплатат 21 милијарда евра на Украина
Земјите од ЕУ планираат оваа година да испратат воена помош за Украина во вредност од најмалку 21 милијарда евра. Во првите две години од воениот конфликт во Украина, ЕУ и додели помош од 28 милијарди евра, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
На прес-конференција, по неформалниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, тој рече дека ЕУ очекува да достигне 52 проценти од целта да испрати милион гранати во Украина до март оваа година.
Тој додаде дека капацитетот за производство на артилериски гранати во Европа до крајот на годинава ќе достигне 1,4 милиони годишно, додека сега е речиси милион.
Борел нагласи дека земјите од ЕУ планираат да обучат уште 20.000 украински војници, покрај веќе обучените 40.000, кои ќе сочинуваат вкупно 60.000 војници.
Шефот на европската дипломатија вели дека целта на Европската унија е до 19 февруари да започне поморска мисија во Црвеното Море, која треба да ги заштити трговските бродови кои се соочуваат со напади на Хутите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…