Запленет цел арсенал во Гостивар – пронајдени автоматски пушки, муниција…

t

Денеска (01.02.2024) од страна на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Е.Ф. (23) во с. Ломница-гостиварско поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од КЗ. При претресот од лицето С.Ф. (татко на Е.Ф.) пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и
20 патрони за ловна пушка.

Лицата се лишени од слобода во ПС Гостивар, извршен е службен разговор во кој С.Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турски државјанин со автомобил удрил во полицаец…

Вчера (19.05.2024) во 02.50 часот, полициски службеници…

„Домаќински и чесно“: Таравари прави 5 километри…

Пат од 5,7 километри ја чини Општина…

Обид за убиство во Гостивар

Против шеесет и тригодишен маж од гостиварското…

Зеленски со апел до Западот: Дајте им…

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика Западот…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…