Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе ја зацврсти украинската економија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека континуираната финансиска поддршка на Европската унија ќе ја зајакне економската и финансиската стабилност на таа земја.
„Благодарен сум на Шарл Мишел и на лидерите на ЕУ за формирањето фонд за Украина од 50 милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година. Многу е важно што одлуката ја донесоа сите 27 лидери, што уште еднаш се докажува силното единство на Унијата“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека „континуираната финансиска поддршка на ЕУ за Украина ќе ја зајакне долгорочната економска и финансиска стабилност, што не е помалку важно од воената помош и санкциите против Русија“.
Сите 27 лидери постигнаа договор за дополнителен пакет поддршка за Украина од 50 милијарди евра, во рамките на буџетот на ЕУ, објави претходно денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Имаме договор“, напиша Мишел на Х.
Лидерите на ЕУ на тој начин успеаја да го надминат противењето на Унгарија за давање финансиска помош за Украина. Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека Унгарија е подготвена да учествува во одлуката на ЕУ да и пружи помош на Украина, но со гаранции дека секоја година ќе се одлучува дали ќе се издвојуваат пари за нова помош или не. Орбан стави вето на помошта од 50 милијарди евра за Украина на претходниот самит на Европскиот совет, кој се одржа во средината на декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…