(Видео) Мицкоски во нови проблеми: Неговиот најсериозен кандидат за претседател во последен момент се пишмани – Силјановска сака да талка не знае дали сака да биде претседател на државата

t

Ако досега беше нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ до овој момент на помалку од 100 дена пред изборите го нема презентирано својот претседателски кандидат за следните избори после вчерашното интервју на професорката и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова веќе се е јасно.

Имено Силјановска во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 истакна дека од Христијан Мицкоски и било понудено повторно да трча како претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но таа се уште размислува затоа што како што вели не е сигурна дека воопшто сака да ја обавува таа функција.

-Се уште не знам, размислувам. Сега размислувам низ призма на мојот живот. Понудата да, меѓутоа знаете што секој од нас има некој карактер јас многу сакам да талкам, не знам како би било да чекори некој покрај мене како би било да живеам некаде, а не дома, вели Силјановска.

На прашањето зошто се кандидираше за претсдател во 2019-та таа одговори:

-Ми се чини дека тогаш бев политички наивна, сега размислувам. Значи се уште нема конечна одлука, вели Силјановска додавајќи дека дека разговарала со Мицкоски.

Ваквиот одговор и настап на Силјановска ги потврдува информациите кои одамна беа споделени во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс дека Силјановска е најсериозен предлог на Мицкоски за претседател, но дека од лични причини таа не се чувствува како подготвена да влезе повторно во претседателска трка.

Од извори во партијата Инфомакс дознава дека ваквиот настап на Силјановска сериозно го разлутил Христијан Мицкоски бидејќи и да влезе Силјановска во трката за претседател по ваквиот настап на Канал 5  професорката сериозно си ги намали шансите таа да стане претседател затоа што дефакто истакна дека повеќе го цени слободното време отколку позицијата претседател на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…