Речиси половина во државниот БДП е од скопскиот регион
Скопскиот регион со 44.9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10.0%, Југозападниот со 8.8%, Југоисточниот со 8.7%, Источниот со 8.0%, Полошкиот со 7.5%, Вадарскиот со 7.3%, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4.8%.
Скопскиот регион има и најголем бруто-домашен производ по жител, за 25.7% повисок од просекот на државата. Над државниот просек за 8.0% е само уште Југоисточниот регион.
Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…