Студентите најавија протест во понеделник, од МОН велат дека ќе има стипендии
Како последица од ниту една исплатена рата од студентските стипендии за учебната 2023/2024 година од страна на Министерството за образование и наука најавуваме ПРОТЕСТ пред МОН во понеделник од 12:00 часот, велат од студентската организација Студентска револуција.
И покрај лажните ветувања и скапиот ПР на министерот Јетон Шакири ниту едно ветување не е остварено. Студентот е доведен до мизерна положба во општеството и она што го следува со право на закон кадарот на ДУИ директно им ги крати истите права.
И покрај предупредувачките соопштенија за протест, МОН нема слух па како резултат на тоа време е секој студент да излезе на улица и да ги побара своите права!
Се гледаме во понеделник (05.02.2024) пред МОН!, велат од Студентска револуција.
Од МОН за „Инфомакс“ велат дека очекуваат денеска да ибдат исплатени стипендиите за старите корисници, додека за новите тоа ќе се случи во текот на следната недела.
– Налозите за исплата на ситипендии на постојните корисници и за исплата на надомест за патни трошоци, се доставени во трезор и очекуваме денес да се рализираат. Додека следната недела ќе има исплата за новите корисници на стипендија, стои во одговорот на МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…