Објавено на:

Папата Франциск ги осуди нападите врз Евреите ширум светот

t

Папата Франциск денеска го осуди „ужасниот пораст на нападите врз Евреите ширум светот“, наведувајќи дека овие напади претставуваат „напад врз Бог“.

-Патот по кој тргна Црквата со вас, старите луѓе на Пактот, ја отфрла секоја форма на антијудаизам и антисемитизам, недвосмислено осудувајќи ги манифестациите на омраза кон Евреите и јудаизмот, како грев против Бога, напиша Папата во писмо „до неговите еврејски браќа и сестри од Израел“, кое го објави Ватикан.

Папата Франциск истакна дека католиците ширум светот се загрижени поради порастот на антисемитизмот и нападите врз Евреите ширум светот од 7 октомври, пренесоа италијанските медиуми.

-Се надевавме дека „никогаш повеќе“ ќе биде рефрен што ќе го слушнат новите генерации, но сега гледаме дека патот напред бара уште поблиска соработка за да се искоренат овие појави, заклучи поглаварот на Римокатоличката црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 лица загинаа во нови израелски…

Израел во четврток наутро започна нов и…

Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…

За време на неговата прва аудиенција со…

(Во живо) Лав XIV е првиот папа…

Новиот папа е Роберт Превост од САД,…

Конклавата за избор на нов папа ќе…

Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…

Зошто се уништува прстенот на папата по…

Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…