Села по објавата на Таравари: Кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците
Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и екс лидер на партијата Зијадин Села на својот Фејсбук профил посочи дека до овој момент не е информиран за никаква понуда за коалиција.
Според него, претседателот на партијата не е орган на одлучување.
„Како претседател на централното собрание на Алијансата за Албанците, до овој момент не сум информиран за никаква понуда за коалиција со друга политичка партија. Од средбите што неодамна ги одржав со шефовите на ограноците и другите партиски структури, исто така ме информираа дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на тоа што треба да се одлучи. Поединецот, во овој случај претседателот на партијата не е орган на одлучување, тој има право да предлага до органот кој има право да одлучува, а тоа е Претседателството на партијата кое во моментот има една одлука, а тоа е дека Алијансата за Албанците се натпреварува сама на изборите. Друго тело за одлучување е партиското собрание. Шверцерските тенденции на партијата за сметка на не знам кој преку Фејсбук статус е сериозно кршење на Статутот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи. Обидите да се разјасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците“, вели Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…