Нема кубење за коса – Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада
Досега нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада. Очекувам таа да остане до крајот на мандатот, односно до почетокот на изборите, рече денеска првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ.
Според него, веќе е одржана една седница и конституирани се владините тела.
-Се очекува во вторник да има можеби повеќе од една седница и да биде усвоен законот за рестриктивни мерки, истакна Маричиќ по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Во врска со денешното чествување на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кое помина во најдобар ред, без никакви провокации и инциденти, Маричиќ потенцира дека името и дело на Гоце доликува да се слави достојно.
– Драго ни е што нема провокации годинава, името и дело на Гоце доликува да се слави без конфликти и злоупотреба, нагласи Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…