(Видео) Миовски: Чувствував дека пак можам да му дадам гол на големиот Селтик

t

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, продолжи со извонредните игри откако вчера беше најзаслужен што неговиот Абердин остана непоразен во пресметката со големиот Селтик (1-1).

Тој беше стрелец на изедначувачкиот гол за својот тим, а доказ дека одигра маестрално е и фактот што беше прогласен за играч на натпреварот од страна на „Скај Спортс“.

„Чувствував дека можа, да му дадам гол на големиот Селтик. Тоа на полувреме им го кажав на соиграчите и среќен сум успеав во тоа. Имавме шанси потоа и за победа, но може да бидеме задоволни со бод од пресметката со најдобриот тим во лигата. Ремито носи огромен мотив секако и за се што не очекува во продолжение во првенството“, истакна Миовски по натпреварот.

За Македонецот ова беше шести дуел против Селтик во кариерата и втор погодок, откако беше прецизен и во првиот меѓусебен дуел сезонава, кога неговиот тим загуби на домашен терен со 1-3. Абердин сега е на осмата позиција во шкотската елита со 25 бодови, само еден помалку од Данди кој е на последната позиција што води во плејофот во ова натпреварување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…